Често поставувани прашања
Дознајте повеќе како работи Авенија и како да го искористите нејзиниот целосен потенцијал.
Корисници
Секој корисник кој има сметка на Авенија, со потврдена Е-Маил адреса може да внесува недвижности. Откако недвижноста ќе биде одобрена од страна на нашиот тим истата ќе се појави во листата на активни недвижности.
За да бидеме сигурни дека корисникот кој ја регистрирал сметката има контрола врз Е-Маил адресата бараме од него да ја потврди истата. Корисниците кои имаат сметка без потврдена Е-Маил адреса можат да ги користат само основните функционалности на Авенија како пребарување на недвижности и промена на своите информации.
Недвижности
Доколку имате сметка на Авенија, со потврдена Е-Маил адреса, може да внесувате неограничен број на недвижности.
Листата на активни недвижности ги содржи сите недвижности кои се одобрени и се достапни за сите корисници на Авенија. Искористете ги понудените филтри за да ги пронајдете само недвижностите кои ве интересираат.
Секоја внесена недвижност подлежи на процес на проверка од страна на нашиот тим. Во зависност од внесените податоци нашиот тим може да одлучи да ја одобри недвижноста, да побара измени или да ја одбие недвижноста. За одобрување на недвижноста од најголема важност е внесените податоци и слики да бидат реални. Во случај на потреба на дополнителна комуникација нашиот тим ќе ви испрати порака, која ќе биде прикажана во листата на страната Мои недвижности и дополнително ќе биде испратена Е-Маил порака.
Недвижноста во било кој момент може да има само еден статус и тоа:
- Одобрен - Недвижноста е одобрена од нашиот тим и се наоѓа во листата на активни недвижности
- Чека проверка - Недвижноста ќе биде проверена во секој момент од нашиот тим
- Под проверка - Нашиот тим во овој момент прави провервка на недвижноста
- Побарани измени - По проверката на недвижноста нашиот тим бара измени на истата пред да биде одобрена, тимот ќе испрати и порака со дополнителни инструкции
- Одбиен - Недвижноста не ги исполнува условите за да биде одобрена и не може да биде изменета
- Забранет - Недвижноста содржи информации кои не се во согласност со нашите политики и стандарди и не може да биде изменета
- Приватен - Недвижност која корисникот не сака да биде прикажана во листата на активни недвижности и е видлива само за авторот
- Архивиран - Недвижност која корисникот не сака да ја избирше или планира да ја искористи во иднина и истата нема да биде прикажана во листата на активни недвижности
- Продаден - Недвижноста која корисникот ја има продадено и истата нема да биде прикажана во листата на активни недвижности
Нашиот тим ќе направи проверка на недвижноста во најкраток временски период, од неколку минути до неколку часови, во зависност од обемот на нивната работа. Доколку не е направена проверка во период од еден работен ден ве молиме контактирајте го нашиот тим.
Недвижностите можат да се означат со посебна ознака која е достапна исклучиво за корисникот на кој припаѓа недвижноста или за членовите на компанијата. Овој специјализиран систем за означување е дизајниран да ја подобри ефикасноста на управувањето со недвижности преку овозможување на корисниците и членовите лесно да ги бараат и анализираат недвижностите.
Компании
Компанија може да внесе секој корисник со потврдена сметка, и се наменети за агенции за невижности и лица кои посредуваат во продажба и изнајмување на недвижности.
Компаниите имаат пристап до истите функционалности како и индивидуалните корисници. Дополнително, тие овозможуваат на сопственикот да поканува и да управува со членови кои се овластени да ги надгледуваат и управуваат недвижностите на компанијата.
Членовите на компанијата го олеснуваат управувањето со недвижностите кај компаниите кои имаат голем број на недвижности. Членовите имаат пристап до недвижностите на компанијата и можат да внесуваат, изменуваат и бришат недвижности.
Испратената покана за членство има рок на трање од 24 часа, после овој период сопственикот на компанијата може повторно да испрати поканата.
Страници
Страниците обезбедуваат централизиран, јавно достапен простор каде што се прикажуваат информации за корисникот или компанијата, заедно со сите активни недвижности.
Страницата може да се пристапи или од картичката на недвижноста или од посебната страна на недвижноста. Линкот е достапен преку името на корисникот или компанијата, под услов да имаат внесено старница и да е моментално активна. Дополнително сите активни страници можат да биде пристапени преку посебната страна за страници на Авенија.